Ако треба храната да се чува за подоцна да се консумира, кога ќе се симне од оган, треба да се олади и покриена да се стави во фрижидер. Тоа е најдобар начин, храната да не дојде до “опасна температурна зона”. Храната побрзо се лади ако се стави во плиток сад, или ако се подели на неколку садови. Ако е потребно да се зачува топла храна, пред служењето добро е да се чува не температура повисока од 60 Ц степени.
Под идеални услови варената храна во фриждер, може да се чува неколку дена. А ако сакаме да ја чуваме подолго, треба да се замерзне веднаш по ладењето. Готвената храна треба да се чува одвоено од суровата, посебно од суровото месо, пилешко месо и риби.
Месото треба да се чува на дно на фрижидерот за случано да не би се помешале соковите од другите врсти на храна. Сите храни држете ги покрини или херметички затворени.
Кога се топли храната, тоа треба да се прави на повеќе од 75 Ц степени. Најдобро би било храната да врие некое време. Обратете посебно внимание, кога ја загревате храната во микробранова печка – следете ги истите постапки.
