Prison brake

Во Лондон отворено првото кафуле за мачки (Видео)

Во саботата во Лондон е отворено првото кафуле за мачки во Велика Британија. Гостите может да уживаат во чаша топол чај и во друштво на својата мачка.

Љубителите на животни со нетрпение го исчекувале отворањето на кафулето Lady Dinah’S Cat Emporium во источниот дел на британскиот главен град. Неколку часови по објавувањето на датумот на отворање веб страницата на кафулето била “нападната” бидејќи илјадници луѓе сакале да резервираат маса.

Освен чај, гостите можат да конзумираат и други пијалоци, сендвичи и колачи, и се тоа во друштво на 11 мачки. Внатрешноста е украсена во викторијански стил, со додатоци на играчки за мачки.

31-годишната Lauren Pears дошла на идеја да отвори кафуле за мачки откако едно такво се отворило во Париз, а многу во Азија, особено на Тајван, во Кина и Јапонија.

Напиши коментар