← НАЗАД НА БОЗА

Во очекување на судбоносното прашање и вашето „Да“

Во очекување на судбоносното прашање и вашето „Да“
531 Читања

Веќе подолго време сте заедно, вие сте убедена дека тоа е мажот за вас, можеби дури и живеете заедно и во еден момент свадбените ѕвона започнуваат да бијат во вашата глава се посилно. Меѓутоа вашиот принц сеуште не ве изненадил со веренички прстен во чаша шампанско и не ја побарал вашата рака.

Немир се вселува во вашето срце, а во главата започнуваат да се вртат мисли и планови како да ги подредите работите во ваша полза.

Всушност точно во овој момент нема потреба од притисок врз ситуацијата, а уште помалку од поставување на ултиматуми. Тоа може само да го исплаши и да го натера да си замине.

Вистината е дека во лубовта не треба да се врши притисок и ако го сторите тоа тешко дека ќе постигнете нешто позитивно.  Како за почеток смирете се и помирете се со фактот, дека тоа што сеуште не ви предложил брак, не значи дека не ве сака вистински. Можеби тој уште не е спремен или не собрал храброст и ако вие избрзате, тоа само ќе ја влоши ситуацијата.

Ако сепак сте заедно долго време и ако тоа што не сте преминале на следното ниво ве вознемирува, тогаш можете да разговарате со партнерот на таа тема, за да откриете што мисли тој. Важно е само да не се стигне до мелодрами и поставување ултиматуми.

Уште полесното решение е да уживате додека сеуште не сте во брак. Бракот со себе ги носи и своите лоши страни. Посветете повеќе внимание на себе си и кругот пријатели и не грижете се ако половината од нив се веќе во брак. Се е строго индивидуално и не треба да го споредувате вашиот живот со нивниот.

Бракот е нешто што треба да се случи спонтано во моментот кога двајцата сте на исто ниво и доволно спремни и сигурни дека тоа е вистинскиот избор. Не смее причина за брак да биде бременост или нешто слично. Погледнете само колку разводи се случуваат секојдневно. Дајте си време и себе си и на партнерот бидејќи станува збор за многу сериозна одлука, каде подоцна ќе бидат вмешани и невини личности, децата кои најмногу ги чувствуваат последиците од кофликтите и проблемите во семејството, а замислите каква траума за нив би бил разводот?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk