Волнен конец на зглобот. Која е неговата излечителна моќ? Го носат нашите баби, им го врзуваат на своите деца и внуците…
Тие веруваат дека црвениот конец може да ги спаси и да ги заштити од уроци.
Постојат многу митови за црвениот конец, но во реалноста тоа е само- народна медицина. Постојат тврдења дека волнениот конец на рака го ослободува човекот од болки во зглобовите, бидејќи влијае врз циркулацијата.
Како делува волнениот конец?
Хигиенска и најздравата терморегулациона материја е волната. Нејзината структура и овозможува на кожата да дише. Одамна луѓето се ослободувале од забоболка, главоболка, болки во грбот, така што на болното место ставале парче природна волна. Исто така, предвремено родените деца ги ставале во волна.
Работата е во тоа што природните влакна од волна, прекриени со животински восок-ланолин, одлично делуваат врз кожата и ја смируваат. Тоа е густа жолта маса со карактеристичен мирис и содржи 12% од тежината на волната. Оваа особено драгоцена супстанција ја издвојуваат за прозиводство на козметички креми и масти.
Ако користите постелнина од природна волна, постоечкиот ланолин (кој се топи на телесна температура), лесно продира во кожата. На тој начин благотворно делува на мускулите, зглобовите, кичмата, во ублажување на болки и зголемување на циркулацијата на крвта. Топлинската спроводливост на волната е пониска од многу други текстилни материјали.
Народно верување:
Постои верување, на нашите баби, дека со волнен конец можат да се излекуваат брадавици. Еве на кој начин:
Доколку брадавицата се наоѓа на прст, се врзува црвен волнен конец на зглобот од раката (а ако е на ногата, на ножниот зглоб). Се носи две недели. Потоа се вади и се закопува во земја. Кога конецот ќе скапе за околу еден месец-брадавицата ќе исчезне.
