Motherhood

Волшебни реченици за напорните свекрви

Со сопругот морате да работите во тим и да му ја објасните ситуацијата. Иако оган стои помеѓу вас двете, вие сте му сопруга и би требало да ве подржи, но не очекувајте да избира.

Не се работи за тоа да го одвоите од родителот или братот, туку да собере доволно храброст и да им каже: “Таа е моја сопруга јас ја сакам и не е во ред така да се однесувате со неа”. Ако ве одбие и каже дека и понатаму морате да ја трпите поради него, имате две можности – окупирајте се со себе или ограничете го контактот со неа.

Критичарка- неговата мајка секогаш сé критикува, од начинот како се облекувате до тоа како ги одгледувате децата.

Решение- таа најверојатно има голем проблем со самодовербата и што повеќе вашата реакција е бурна, таа ќе биде задоволна, објаснува др. Фровард. Затоа, длабокото земете воздух, смирете се и немојте да се браните. Кажете нешто неутрално, како: “Држете се до своето мислење, па можеме да се сложиме дека не се согласуваме”.

Госпоѓица хаос- неговата сестра влегува од проблем во проблем, а помош бара од вас и сопругата.

Решение- кажете и: “Жал ми е но ние не можеме да ги решиме твоите проблеми”, сепак пред да го кажете тоа бидете сигурни дека и вашиот сопруг го мисли истото.

Write A Comment