Изненадете ги најдрагите со креативно срце од платно. Најпрвин ќе земете тврда површина и ќе ја исечете во облик на срце. Потоа од црвено платно ќе исечете кругови во иста големина. Потоа ќе преклопите два круга како на сликата и ќе ги држите помеѓу прстите а краевите ќе им ги виткате. Зацврстете ја розата со лепак и ставете ја на претходно исечената тврда површина. Исполнете го целото срце со црвени мали рози.