Здраво тело

Врската меѓу алкохолот и ракот на дојка!

Истражувањето спроведено во САД на 184.000 жени кои ја поминале менопаузата ја потврдува поврзаноста меѓу консумирањето алкохол и зголемениот ризик за рак на дојка.

Истражувачите од Националниот институт за рак утврдиле дека жените кои секојдневно пијат од една до две дози од кој било алкохолен пијалок имаат за 32% поголем ризик за заболување од рак на дојка. Жените кои дневно пијат три или повеќе единици алкохол имаат за 51% поголем ризик од овој тип рак.

Научниците велат дека алкохолот влијае на метаболизмот на хормонот естроген и така го зголемува ризикот од развој на тумор.

Се проценува дека ракот на дојката, по ракот на бели дробови, е втор по смртност меѓу жените. Според податоците, годишно во светот се дијагностицираат 1,2 милион случаи на рак на дојка, а оваа болест секоја година носи повеќе од 500.000 животи.

Write A Comment