Убавина

За лице без дамки и брчки

На кожата и е потребна постојана хидратација за да биде здрава и да не се појават брчки. Затоа внимавајте при изборот на креми, маски и лосиони. Особено во летниот период кога на кожата и е потребна голема влажност.

Подгответе ревитализирачка маска која ќе ја освежи кожата, ќе ја спречи појавата на брчки, а воедно и ќе ги избледи дамките кои ги има.

За да ја подготвите оваа маска потребно ви е една лажица ситно исецкан магдонос, една лажица изрендана краставица и една лажица јогурт. Убаво измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето и вратот. Оставете нека делува 15 минути, а потоа измијте се со млака вода.

Write A Comment