Убавина

За мека кожа на петите!

Грубата кожа на петите и лактите е проблем со кој многу често се среќаваме. За да ја направиме кожата мека и нежна, не е задолжително да користиме некоја скапа крема.

За таа цел можеме да користиме и природни средства. Медот ја омекнува кожата на неверојатен начин, поради што тој се користи во многу козметички производи.

Еве ја и рецептата, која ви ја препорачуваме:

Во еден голем сад измешајте 3 супени лажици мед со 1-2 чаши топла вода. Потоа ставете ги стапалата во подготвената вода и држете ги така околу 20 минути. Медената вода прави чуда – ја отстранува лошата миризба и ја прави кожата нежна и мека.

Друг начин е да ги масирате петите со смеса од мед и талог од кафе во сооднос 1:1. Овој природен пилинг е перфектен начин за отстранување на мртвата кожа и стимулирање на крвототкот.

Write A Comment