Motherhood

За ова видео не е потребен наслов!

Бебето кое ќе го родам има Даунов синдром. Преплашена сум. Каков живот ќе има моето дете?”, е првата реченица во видеото објавено по повод 21. Март Денот на Дауновиот синдром. Погледнете како децата кои боледуваат од Даунов синдром ја охрабруваат идната мајка.

“Почитувана идна мајко, не плаши се.  Твоето дете ќе може многу нешта: да те прегрне, да трча заедно со тебе, да зборува и да ти каже дека те сака”, и порачале децата со Даунов синдром на бремената жена која дознала дека ќе роди бебе со Даунов синдром.

На неколку различни јазици, децата и порачале:

“Твоето дете ќе може да оди на училиште, како и сите останати. Ќе може да пишува. Да ти пишува тебе, ако еден ден бидеш некаде далеку. Ќе може и да патува, исто така. Ќе може да му помага на својот татко да го поправат велосипедот. Ќе може и да работи, да заработува пари и да те однесе на вечера, или да изнајми стан и да живее самостално.

Понекогаш ќе ти биде тешко, многу тешко, речиси невозможно, но зарем не и е така на секоја мајка?

Почитувана идна мајко, твоето дете може да биде среќно, како што сум и јас, а и ти ќе бидеш среќна”, порачале децата и нивните насмеани мајки. Погледнете:

 

Напиши коментар