Иако се одлични за видот, кожата и срцето, морковите содржат витамин А, без кој подрачјето на мозокот во кое се обликува помнењето не може правилно да работи, одлична храна за студентите. Од друга страна ананасот исто така добро ќе ви дојде, бидејќи ги претвора јаглехидратите во енергија, ги зајакнува мускулите и овозможува правилно функционирање на нервниот систем. Бананата е тука “само” да ве расположи.
Состојки:
– 100гр ананас
– 100гр моркови
– 1 портокал
– половина банана
Подготовка:
Морковите исечете ги на помали коцки и заедно со сите останати состојки ставете ги во блендер. Матете 20 секунди или до саканата густина.
