После долгите изговори, празнични атмосфери и временски „ неприлики “… нашето тело е спремно за позитивни промени…
Секако дека ова е совршен период да се отстранат, масните „перничиња“… Ако сакате рамен стомак, најдобри вежби со кои за брзо време ќе дојдете до посакуваниот ефект се комбинациите од пилатес и аеробик. Стручњаците советуваат: за нив, доволно е да издвоите само 21 минута на ден !!!
Потребна опрема, која ќе биде добредојдена за големата промена, се: јаже за скокање и сунѓер на кој ќе ги правите вежбите.
Дваесетминутното вежбање започнете го со вежби за затегнување.
Изберете вежби како стомачни, кои ги зајакнуваат мускулите на стомакот и менувајте ги вежбите секоја минута, за да ги загреете сите мускули во телото. Сите стандардни вежби кои ги знаете, доаѓаат во предвид…
На пример, седнете на под, испружете ги нозете и раширете ги и со дланките наизменично допирајте ги спротивните стапала и полека забрзувајте. После седум минути, земете го јажето за скокање и вежбајте со помош на него, две минути.
Сето тоа повторете го уште два пати…
Нема ни да бидете свесни дека масните наслаги на стомакот, веќе исчезнуваат…
