Подгответе ја оваа маска за коса која е неверојатно едноставна. Само прошетајте по кујната и земете една шолја јогурт и едно јајце. Убаво изматете го јајцето и додадете го јогуртот. Во оваа смеса може да капнете и неколку капки бадемово масло.
Смесата нанесете ја на косата и оставете ја да делува 20 минути. Измијте се со шапмон и веднаш ќе ја почувствувате разликата. Косата ќе биде мека, сјајна, а воедно и првутот повеќе ќе го нема.
