Убавина

За убави стапала: Едноставна маска од две состојки

Отворени сандали се суштински моден детал за во лето, но тие не изгледаат претерано убаво на суви, груби стапала. За да бидете сигурни дека ова лето стапалата ќе ви изгледаат одлично, ќе морате на време да ги хидрирате. За ован цел можете да користите скапи креми и пакувања, или овој едноставен и достапен рецепт.

Се што ви е потребно е половина зрела банана и малку мед. Со вилушка добро испасирајте ја бананата да се претвори во паста. Во неа, додадете една лажичка мед, помешајте добро и добиеното тесто нанесете го на чисти стапала. Особено обратете внимание петите да бидат добро покриени, бидејќи тука кожата е најгруба. Намачканите стапала замотајте го во фолија и оставете ги да отстојат најмалку 10 минути.

Кога ќе ја отстраните фолијата, стапалата добро исплакнете ги, па направете пилинг со камен за пети. Ќе забележите дека кожата е многу помека, а грубата кожа полесно ќе се отстранува. Останатата половина од бананата можете да ја изедете, бидејќи е многу здрава или од неа можете да направите некоја од домашните маски за лице.

Напиши коментар