Сицилија има долга богата историја за која сведочат многу докази…
Сицилија е најголемиот остров во Средоземното море. Се наоѓа на околу 160 километри северо-источно од Тунис, а нејзиниот главен град е Палермо. Овој остров е има исклучително богата и уникатна култура, барокна архитектура, која на специфичен начин ве води низ времето, прекрасните пејсажи, тиркизното море,но, исто така, и место познато по контроверзната италијанска мафија.
Овој остров е опкружен со природни убавини. Морето околу островот е во сите нијанси на синта боја и многу е топло. Плажите се покриени со бел песок што сјае под сонцето.
Сицилија ви дава бескрајни можности за вистинско уживање…












