Надворешниот дел од увото можете да го чистите со стапчиња, но морате да внимавате стапчето да не го ставите внатре во увото. Таквата грешка може да доведе и до оштетување на увото. Повеќето луѓе чистењето на внатрешниот дел од увото е добро да го чистат додека се тушираат, сосема е доволно. Најдобро е да се пушти водата д авлезе во увото и да излезе, нека биде топла вода, бидејќи ладната може да ви создаде вртоглавица.
Доколку во ушите имате премногу масти, подобро од аптека да земете средство за остранување на истите, кое ќе ги омекне, па за време на миењето лесно ќе се исчистат.
За време на туширањето можете во увото да натопите неколку капки на минерална вода, масло за бебе или маслиново масло. Почекајте неколку секунди со навалена глава на едната страна, па потоа префрлете ја главата на другата страна. Почекајте неколку секунди и потоа повторно навалете ја главата на една страна за течноста да излезе.