Убавина

Забрзајте го растот на косата со помош на домашен балсам

Со редовно користење на оваа смеса, вашата коса ќе влеска и побрзо ќе расте.

Состојки:

1 жолчка

1 лажица рицинусово масло

1 лажица јаболков оцет

2 лажици ваш шампон

1 лажица купечки балсам

Подготовка:

Одвоете ја жолчката од белката. Ставете ја во некој сад. Додадете го рицинусовото масло и јаболковиот оцет. Се добро измешајте до изедначување на смесата.

Смесата нанесувајте ја на измиена коса, а одозгора ставете најлонска кеса и пешкир. Држете 15 до 20 минути и потоа косата измијте ја со вода. Во прво време, за подобар ефект, најдобро е да ја ја ставате маска секое миење. После 2 до 3 недели можете да ја користите поретко.

Write A Comment