Здраво тело

Зачинот кари протв ракот на дебелото црево

Последната студија тврди дека карито содржи лековита супстанција која може да биде вистинското оружје кое и е потребно на медицината да се справи со оваа тешка болест.

Ракот на дебелото црево е вториот најсмртоносен вид рак. Пациентите со напреден стадиум на развој на рак добиле таблети со висока концентрација на куркумин, за да се утврди дали тоа може да го зголеми ефектот на појаките но високо токсични лекарства од хемотерапијата.

Половината од пациентите со оваа тешка болест, околу 20 000 души, достигнале напреден стадиум, каде ракот се распространил и бил тежок за лечење. Студијата покажала дека куркоминот штити од рак и го зголемува ефектот на лекарствата наменети за уништување на раковите клетки во дебелото црево.

Напиши коментар