Здраво тело

Задолжителна „ лекарска торбичка “ – за безгрижен одмор !!!

Цела година го чекаме периодот наречен годишен одмор… Колку е точно значењето и колку одморот може да премине во „ одмор “, знае секој кој за време на долгоочекуваното патување не може да се навикне на климатските промени, има проблеми со исхраната, секој кој има добиено цревна вироза, алергија поради ниските хигиенски стандарди, сончаница,  секој кој има качено висока температура, се има повредено, станува плен на комарци….

За жал, многу чести се ситуациите во кои ова може да се случи. Затоа, Вие сте они кои сето ова не смеат да го остават на случајност…

Погрижете се да бидете подготвени за рекација… Вашата летна „ лекарска торбичка “ наполнете ја со:

– средство против болки

– средство за смирување желудочни тешкотии и патни мачнини

– средство против диареа

– прашок со електролити против дехидрација

– средство за снижување температура

– спреј за нос

– креми за сончање

– средство за дезинфекција на мали рани

– крема за ублажување спортски повреди

– крем за ублажување на убод од медузи

– хранливи креми за кожа

– фластери

– завои

– пинцета

– термометар

Напиши коментар