Одличен предлог за вкусен ручек !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама пилешко месо
500 грама шпагети
2 свежи ситно исечкани пиперки
400 грама рендан кашкавал
1 средно голем кромид
50 грама путер
Кремаста супа од печурки.
Ловоров лист
Сол, бибер, зачини по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го пилешкото месо во вода која сте ја зачиниле со сол,бибер и еден ловоров лист. Свареното месо искинете го на поголеми парчиња.
Во водата во која го варевте пилешкото, сварете ги шпагетите.
Додека ги варите шпагетите сварете ја и крем супата во не повеќе од 200 милилитри вода.
Откако сите состојки ќе бидат подготвени, садот во кој ќе печете убаво намрсете го со путер и во него ставете ги сите состојки, пилешкото месо, шпагетите и останатите намирници и убаво измешајте. Одозгора ставете го ренданиот кашкавал.
Се препорачува да се додаде уште 200 милилитри од водата во која се вареше месото и шпагетите, така ќе добиете сочно и вкусно јадење.
Печете во загреана рерна на 240 степени Целзиусови и печете 45 минути.
Уживајте во вкусот!!!
