Мојата кујна

Запечено пилешко со печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 пилешки стека

* 400гр свежи печурки

* 1 сенф

* 2 павлаки

* 300-400гр кашкавал

* масло, брашно, сол бибер и останатите зачини по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечете го белото месо на коцки, извалкајте го во брашно и пржете го во врело масло/путер 10 минути.

Додека местото се пржи, во длабоко тенџере ставете вода, додадете ги зачините и оставете да зоврие. Додадете ги целите печурки и варете 5 минути, па извадете ги. Кога ќе се изладат исечете ги на коцки.

Печурките измешајте ги со павлака.

Пилешкото месо измешајте го со сенфот.

Садот во кој ќе го печете месото премачкајте го со путер.

Се заедно (Пилешкото, печурките и зачините) ставете ги во садот и измешајте ги. Мешањето е клуч!

Израмнете и одозгора изрендајете кашакавал.

Печете на 220 степени 30-35 минути.

 

 

Напиши коментар