Младата глумица Shailene Woodley ги открива своите тајни за убавина, кои многумина ќе шокираат.
22-годишната Shailene својата убавина им ја должи на некои необични, но сосема природни трикови.
Глумицата откри дека заради здравјето јаде глина, бидејќи го чисти организмот од отрови и тешки метали, и гордо признава дека нејзината кратка косае лесна за одржување, па и става шампон само еднаш во месецот.
Но она што уште повеќе не изненади, е нејзиното признавање дека ја сонча вагината.
“Читав една статија за гениталните инфекции и токму во неа е препорачано сончање на вагината. Нема ништо подобро од витаминот Д за целото човечко тело. Доколку уживате во место каде што зимите се долги, кога сонцето кончено ќе излезе, раширете ги нозете и сончајте се”, изјавила актерката.
