Мојата кујна

Зашекерени бадеми

Шеќерни грицки од бадеми. Деликатесно изненадување за вас и вашите најблиски.

Потребно е:

  • 400 гр печени бадеми со лушпа
  • 60 гр кафеав шеќер
  • 60 гр бел шеќер
  • 1 лажица цимет
  • половина лажиче сол
  • 1 белка
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка: Во сад ставете ги двата видови шеќер, солта и циметот. Измешајте ги убаво. Во друг сад изматете ја белката со жица за матење, убаво додека да се запени. Ставете ја ванилата и додадете ги бадемите. Помешајте ги со смесата од шеќер и сето тоа убаво и темелно измешајте го за да се обложи секое парче бадем. Претурете ги во тавче обложено со хартија за печење и ставете ги да се печат во рерна загреана на  230 целзиусови степени, околу 30 минути, со повремено мешање. Кога ќе бидат испечени, оставете ги да се оладат пред да ги сервирате.

Write A Comment