Prison brake

Зависна: Оваа девојка јаде по неколку килограми кечап дневно

Мелиса Ибитсон (19), од Линколн во Англија, е еден од најголемите љубители на кечап во светот, а поради својата опсесија кон него, може дури и да се нарече зависник.

Мелиса јаде кечап со секој оброк, што е најмалку три пати дневно, а доколку руча во ресторан во состојба е да го напушти ако случано немаат кечап.

Таа е љубител на кечап уште од мала, но зависник станала пред четири години и сега јаде неделно по три шишенца, што на годишно ниво изнесува околу 70 килограми, а тоа ја преминува и нејзината сопствена тежина.

-На моите пријатели им е непријатно кога во менза барам по 12 кесички кечап. Толку многу го јадам што не смеам ниту да помислам што му правам на своето тело – вели Мелиса.

-Кога живеев со моите родители, мајка ми многу се нервираше поради мојата опсесија.

За нејзината љубов кон кечапот, веќе сите знаат, па веќе на нејзините пријатели не им е тешко да одлуичат што ќе и поколнат за роденден.

Напиши коментар