Sweet Home

Зелена боја во домот! Одраз на смиреност и елеганција

Дали сте расположени за малку класичен дизајн за да добиете инспирација како да го уредите домот? Можеби е време за малку помирни тонови кои ќе ви пружат удобност и мир. Овој пат ќе ви претставиме дом кој е уреден во зелени тонови.

Пастелно зелени ѕидови, во комбинација со темен дрвен под, бел мебел, кремасти елемнти и украси, пастелно зелени завеси, и ѕвездата во просторијата е големиот кристален лустер.

Во овој случај, доколку ја одберете пастелната зелена која е во боја на минт, надобро е да ја искомбинирате со бела, темно кафена, и кремаста боја.

 

Прекрасна спална соба со зелени тонови

Голем кревет со боја на слонова коска одлично одговара со зелено, бела постелина. Перниците се детаљ кој ќе допринесе за гламурозен и богат изглед. Завесите нека бидат во зелена боја, нијанса слична на онаа која ја имате на постелината. Заради поголема смиреност во спалната соба се препорачува ѕидовите да се во кремаста боја, кои може да ги украсите со уметнички слики со зелени тонови.

Бањата во зелено

Sидовите обојте ги во пастелно, светла зелена боја. Белиот мермер одлично прилега на оваа нијанса на зелена. Освен неа, може да ја искомбинирате и кајсија бојата. На пример цветови во таа боја или пак меки пешкири. За да не биде се премногу светло, може подот да го одберете во темно кафена боја. Сите овие бои одлично прилегаат една на друга.

Write A Comment