Оваа диета е наменета за сите оние кои не конзумираат месо а сакаат да се ослободат од вишокот на килограми.
Оваа диета е исклучително здрава бидејќи е богата со овошје, зеленчук и интегрални житарици кои претставуваат извор на различни витамини и минерали. Ваквиот начин на исхрана, кој се состои од овошје и зеленчук со голема содржина на влакна, го ослободува организмот от токсини и помага да се ослободите од вишокот на килограми.
План на диетата
Наутро: голем чаша овошен сок
До 12 часот: само свежо овошје
На пладне: свежа салата, свж зеленчук, тост од интегрално брашно или супа.
Главен оброк: сок од свеж зеленчук, компир, варен ориз.
Вечера: мешна салата.
Правила на диетата:
Од големо значење е правилното комбинирање на храната, бидејќи така се олеснува процесот на варење.
Компирот секогаш се јаде со другите видови на зеленчук, варен или свеж, во вид на салата или како вариво. Организмот најефикасно ќе го исчистите доколку јадете овошје.
Овошјето никогаш немојте да го јадете со нешто друго ниту пак веднаш после некоја друга храна, јадете го на празен стомак. После овошјето треба да почекате половина час, па дури тогаш да земете друга храна. Овошјето може да се јаде 3 часа по компирот и оризот.
