Нема сомнеж дека само негуваната кожа е убава и сјајна. Ако редовно се грижите за кожата, таа ќе ви го врати то со ведрина и сјај. Наш предлог е да пробате со зелена салата. Не само што е богата со витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3 и Б6, туку содржи и многу калциум, магнезиум, железо и бакар. Затоа искористете ги нејзините благодети и направите препарати кои во овие сончеви денови ќе го нахранат вашето лице.
Лосион од зелена салата го ублажува црвенилото на кожата за кое е виновно сонцето. Освен тоа, познат е како “отров” за акни. Потребно е да ги варите на ниска топлина околу час и половина листовите на овој зеленчук. Кога ќе ги процедите, фрлете ги, а добиената течност зачувајте ја. Неа ќе ја употребите како лосион, чиј рок на траење е три дена, но важно е да ја чувате на темно и ладно место.
Ако вашиот проблем е сува и испукана кожа, тогаш направете маска. Доволно е неколку листови од зелената салата да ги проварите во вода една минутка, да ги извадите и да ги замотате во газа. Маската ставете ја на кожата на лицето, вратот и другите делови од телото кои сакате да ги освежите. По половина час, извадете ја облогата и измијте ја кожата со чај од камилица.
