Во големите градови на развиените земји, каде зелените простори и парковите се катче, се повеќе архитекти се обидуваат да ги направат зградите барем малку природни.
Природните елементи сепак не се среќаваат само по фасадите на зградите. Проектантската фирма Svoya Studio, на пример, дизајнирала стан, во кој дел од ѕидовите се со трева и растенија. Идејата се нарекува “Зелените ѕидови” и се наоѓа во Днепропетровск, Украина.
Еден од дизајнерите вели дека бил “фасциниран и инспириран од глетката кон реката Днепар”. Несомнено зеленилото во станот дава истовремено свежина и комфорт.
Погледнете ја галеријата:









