ХАРИСБУРГ – Американката Миранда Барбур (19) од Пенсилванија, која признала дека минатата година убила маж кого го запознала преку друштвена мрежа, сега тврди дека убила повеќе од 20 луѓе.
Таа од затвор дала интервју за “Daily Item”, а полицијата ги истражува нејзините изјави. Барбур и нејзинуиот сопруг Елит (22) чекаат судење за убиството на Трој Лефере (42). Имено, таа признала дека со новопечениот сопруг славаела три недели од бракот за кои се почестиле со убиство. Миранада го измамила мажот кого го запознала преку интернет, а нејзиниот сопруг се сокрил во багажникот на колата.
Во еден момент Елит дошол на задното седиште и со јаже почнал да ја стега жртвата за врат. Тогаш Миранда го бодела со нож 20 пати, а по извршеното свирепо убиство, парот отишол на вечера во стриптиз клуб.
Миранда признала дека убива веќе 6 години. Се приклучила на сатанистичкиот култ на Аљаска на 13 години.
“Кога стигнав до 22, престанав да бројам”, рекла Миранда, инаку мајка на едно дете, објаснувајќи дека сега само сака да биде искрена.
Нема грижа на совеста, бидејќи како што вели, убивала само “лоши луѓе”. Тврди дека била сексуално злоставувана кога имала четири години.
“Го прифатив тоа дека нема повеќе да го видам мојот сопруг. Ако ме пуштат по 20 години, веројатно повторно ќе убивам”, изајвила таа.
