man fashion

Жените повеќе сакаат мажи со стил!

Анкетата која била спроведена во Универзитетот во Лион покажале многу интересни резултати, според кои дамите дефинитивно обожаваат мажи кои носат парчиња во виолетова нијанса. Повеќе од една четвртина од испитаничките односно 28% кажале дека би одбиле да одат на состанок со машко кое стилски добро не изгледа, а од друга страна само 14% од мажите не би излегле со девојка која нема чувство за мода.

60% од припадничките на понежниот пол истакнале дека гардеробата им е на прво место, а потоа следат фризурата (17%) и на крајот  се чевлите (9%). Тие би можеле да излезат на состанок со маж кој има направено добра комбинација од темни панталони и маица/ролка (32%), а исто така атрактивна е чисто белата кошула (13%). Интересно е да се знае дека мажите кои носат розова или пак сина боја би имале проблем доколку сакаат да излезат на состанок со некоја деовјка.

Секоја дваесетта жена признала дека ја бира гардеробата на својот партнер доколку треба да излезат на некое јавно место, а секоја десетта признала дека намерно уништила некое парче кое не и се допаднало. Можеби токму затоа 23% од мажите сеуште ја носат својата гардероба на перење кај нивните мајки,  а кај четвртина од паровите едниот партнер на другиот не му дозволува да го стави неговото омилено парче на перење.

b203c849267d38c747d8c9ae8f1365e0 d443560327790936271136b8ad921e38 2db05eb64be8bafca5336ab60494e001

Write A Comment