Здраво тело

Житариците се враќаат дома!

Целото житно зрно ги органичува кулинарите и луѓето посветени на здрава традиционална храна. Затоа, пак, голема можност дава кршеното зрно, добиено од свежо цело житно зрно. Во кршените зрна целосно се задржани сите делови од зрното, ништо не е нарушено од природниот баланси при приготвување на јадењата нема потреба ништо да му се додава ила, како што модерно се вели, да се збогатува. Откако житните зрна ќе се искршат на помали парчиња, потребно е кусо време за подготвување на храната.

Долга е историјата на приготвување храна од кршени зрна. Жива е традицијата и на нашите простори. Од кршените зрна се приготвуваат вкусни јадења во комбинација со зеленчук, јаткасти и други видови овошја или со предходно направени природни засладувачи како мед или маџун. 

Write A Comment