Motherhood

Животни лекции кои не се учат на училиште…

Да, секако дека е неопходно да се оди на училиште, но тоа не значи автоматски дека училиштето може да нé научи на сé.

Има и многу мудрости кои не се вклучени во наставниот план и програма, а би било добро да ги знаат тинејџерите.  Издвојуваме мудрости, за кои не е доволен само училишниот процес…

* Животот не е секогаш фер… Помирете се со тоа !

* На возрасните нема да им биде дојдено до Вашиот имиџ за на училиште, како што тоа ќе им биде Важно на Вашите другари!

* Извинете… Ама, не очекувајте да станете богати веднаш по завршувањето на средното образование !

* Мислите дека наставничката е строга ??? … Ќе видите што значи некој да Ви биде шеф…

* Бојадисување ѕидови, носење вреќи и работа како келнер, не е  „ испод чест “… Напротив, тоа е шанса и многу попаметен избор отколку цел викенд да се зборува за Ким Кардашијан или Цеца…

* Не е секоја грешка, грешка на родителите !!! –  Одлучете да ја прифатите одговорноста кога веќе ја имате земено штафетата дека „ Ова е Ваш живот и ќе правите што сакате “… Кукањето е за деца…

* Пред да се родиш, твоите родители не беа така здодевни, како што изгледаат – Такви станаа бидејќи добија деца, се зголемија сметките и заслужуваат повеќе почит !

* Во училиштето поминуваат и победници и лузери… Во животот не ! Таму можеш да одговараш за повисока оценка, што не е пример во реалниот живот… Значи, кој не работи – надвор !!!

* Животот не се дели на 2 полугодија и во него нема долги распусти … Од тебе ќе се очекува да се појавуваш секој ден на работа и да работиш најмалку 8 часови. А местото каде што работите… најмалку ќе ви помогне „ да се пронајдеш “…тука, нема да те разбере !!!

* Телевизијата не е вистинскиот живот – Твојот живот не е серија и проблемите нема да се решат за 30 минути. Во вистинскиот живот, луѓето излегуваат од кафуле и одат на работа.

* Биди добар спрема „ бубалиците “ –  Еден ден можеби ќе работиш за некој од нив…

* Пушењето не те прави кул личност – Со цигара, изгледаш како будала, за секој кој има повеќе од 20 години. Истото важи и за твоето „ изјаснување “ со виолетова коса и пирс.

* Уживај во младоста додека можеш – Секако родителите се здодевни, училиштето изморува и животот е депресивен… Но еден ден ќе сфатиш КОЛКУ Е УБАВО ДА СИ ДЕТЕ !!!

НАУЧЕТЕ ГИ ОВИЕ ЛЕКЦИИ И ИМАЈТЕ ОДЛИЧЕН УСПЕХ И ПРИМЕРНО ПОВЕДЕНИЕ ВО ЖИВОТОТ!

Write A Comment