Жизел Бундшен и Том Брејди одлучија да го продадат својот имот во Лос Анџелес, една година откако завршија со изградба.
Ова познато земјиште во Брентвуд во кое инвестираа и го градеа пет години е доведено до совршенство, познатиот пар го проценил 50 милиони долари. Тие се селат во Бостон каде планираат да изградат уште едно неверојатно земјиште од 2 илјади квадратни метри на земјиште од 5 хектари.
Ентериерот е претставен со префинети греди на плафоните, антички подови, керамички цигли и плав камен, како и мермерен камин. Дури и вратата во домот е вредна како антиквитет. Луксузната вила содржи осум спални соби, пространа домашна теретана, гаража за шест автомобили, базен, спа центар и вински подрум.

