ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 100мл јогурт
* 100мл кисела павлака
* 100мл млеко
* 100мл масло
* 2 лажици шеќер
* 2 јајца
* 40гр свеж квасец
* малку сол
* околу 700гр брашно тип 400
ФИЛ:
* 250гр маргарин
*200гр +20гр ситно сирење
* 200гр салама
* 1 жолчка
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Павлаката, јогуртот и млекото малку нека бидат млаки. Додадете го шеќерот и квасецот и во тоа 4 мали лажици брашно. Откако тоа ќе надојде, додадете ги останатите состојки, замесете тесто и оставете го на топло место за да може смесата да се зацврсти.
Расукајте една голема кора, врз неа наредете ладен маргарин и посипете со 200гр ситно сирење, па завиткајте го во ролат кој треба да отстои половина час.
Потоа повторно расукајте голем парвоаголник, исечете го на пет редови и во цик-цак сечете го тестото така да се добијат триаголници. Филувајте со 200гр сирење и со салама исечена на коцки. Премачкајте со жолчка.