Во текот на зимата не дозволувајте да се затворите во домот, туку заедно со семејството излезете надвор и уживајте во заеднички активности. Ви предлагаме неколку активности кои може да ги пробате со вашето семејство за време на зимските празници.
1. Лизгање
Големо доживување претставува со целото семејство да одите на отворено лизгалиште, особено за време на празниците, бидејќи е украсено и се слушаат новогодишни песни, кои со сигурност ќе придонесат за подобро расположение.
2. Зимски спортови
Постојат голем број на зимски спортови кои може да ги пробате. Одете на семејно скијање или научете да играте хокеј на мраз. Покрај тоа што ќе поминете време со семејството, во исто време и ќе бидете спортски активни.
3. Игри на снег
Ако падне доволно снег, излезете со децата надвор и уживајте во магичното белило. Правете снешко, ангели во снегот, па дури и игло.
4. Волонтирање
Постојат голем број на семејства кои немаат неопходни зимски алишта и обувки. Празниците нека бидат време кога своите деца ќе ги научите како да бидат добри луѓе и ќе им помагаат на оние на кои им треба помош. Одвојте предмети и играчки кои не ги користите повеќе и подарете им ги на оние на кои им се најпотребни.
5. Зимска креативност
Постојат многу растенија кои може да ги соберете и да направите креативни зимски украси. Исто така, заедно со децата може да направите гнездо или куќичка за животните во соседството.
6. Посетете музеј
Зимата е одлично време да посетите некој музеј заедно со децата. На тој начин вашите деца ќе видат и ќе научат нешто ново.