Во изминатите 10 дена во Радио бубамара и МК тикетс , пристигнале преку 5.000 резервации за купување билети, а за цената не се ни прашува.
Поради преголемиот интерес, организатор размислува шоуто да го префрли во поголема сала за да можат што повеќе луѓе заеднички да разменат позитивна енергија .
За тоа прашање ќе одлучи во наредните денови, кога билетите би биле пуштени во продажба .
Големото шоу веќе еден месец се подготвува во штабот на бубамара , а сценариото и наградените како и секоја година се чуваат во најголема тајност.
Организаторот вели дека скромно го најавил настанот, но очигледно дека и без реклама , обожавателите на добриот хумор, сатира и музика, сакаат да бидат дел од големата забава со најпопуларните личности од Македонија и Балканот.
Манифестацијата Златна бубамара на популарноста во изминатите години традиционално се одржуваше во универзалната сала во Скопје.
