← НАЗАД НА БОЗА

Знаела дека Ромео умира од неизлечива болест: Пред смртта ги исполнила сите негови желби

Знаела дека Ромео умира од неизлечива болест: Пред смртта ги исполнила сите негови желби
494 Читања

Ромео е деветгодишен боксер на кого му бил дијагностициран неизлечив рак на коските. Неговата сопственичка Riina Cooke од Канада била многу тажна и вознемирена кога ја слушнала неговата дијагноза.

Но, не тагувала долго. Одлучила последните четри месеци од животот на својот домашен миленик да ги направи незаборавни.

-Бев во шок првите неколку дена. Единствениот лек за него беше ампутација, но неговот тело заради староста не е доволно јако, изјавила неговата сопственичка.

Одлучила да направи список на желби за својот Ромео, со цел последните денови од животот да му ги направи незаборавни.

-На списокот се нашла професионална масажа, месо за вечера, возење со полициско и противпожарно возило, суши, состанок на слепо со друг боксер… Дури успеавме да отпатуваме во САД, изјавила гордата сопственичка.

За се пишувала на својот Фејсбук профил.

-Поделив се на Фејсбук надевајќи се дека ќе им помогнам на луѓето кои поминуваат низ слична ситуација. Најмногу се израдува на место за вечера. Набрзо по посетата на САД состојбата на Ромео се влоши.

-Морав да донесам тешка одлука да го успијам бидејќи преживуваше незамисливи болки.

Riina Cooke (32) го дала Ромео на успивање на 16-ти март, но откако ги исполнила сите желби од списокот.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk