Motherhood

Зошто бебињата имаат фонтанела?

Кога родителите за прв пат ќе добијат дете, често се исплашени поради вдлабнатината на главата на бебето, па панично се распрашуваат за тоа, не знаејќи што да прават. Овие меки вдлабнатини се нормални и се викаат фонтанели, се наоѓаат на главата на новороденото бебе и на доенчето, а претставуваат простор меѓу коските на черепот кои уште не се зараснати. Тие се длабоки и широки од еден до два центиметри. Фонтанелата се создава затоа што во време на бременоста коските на черепот се развиваат одделно, како сложувалка од неколку коски кои со текот на времето се приближуваат и се спојуваат.

Некои коски се спојуваат пред, а некои по раѓањето на детето, со што се овозможува непречен развој на мозокот на бебето. Баш поради слободните простори меѓу коските, овозможен е забрзаниот пораст на мозокот кој се случува во првата година од животот.

Помалата фонтанела се наоѓа на задната страна на главата и почнува да се затвора околу вториот месец и до четвртиот месец од животот би требало комплетно да исчезне поради спојувањето на коските.

Предната фонтанела е поголема и се наоѓа напред на главата. Таа се затвора помеѓу деветтиот месец и втората година од животот, а во најголем број случаи помеѓу 12 и 14 месец од животот.

Инаку, во просторот на фонтанелата бебешкиот мозок е заштитен со јака фиброзна мембрана, така што нема опасност дека главата на бебето ќе биде повредена при чешлање или миење на косичката.

Write A Comment