ШоуБиз

Зошто Џеј Зи одби да му биде кум на Кание Вест

Кание Вест и Ким Кардашијан закажаа датум за свадба, која ќе се одржи во месец мај во Париз.

Меѓутоа, околу подготовките за свадбата ги прогонуваат многу прашања, а едно од нив е кои ќе бидат кумовите. Ова прашање излезе на дневен ред, откако стана јасно дека Џеј Зи, кој е инаку многу близок пријател на Кание, не само што одбил да ја превземе оваа задача, но дури и нема да присуствува на свадбата.

Џеј Зи и Бијонсе не сакаат да присуствуваат на свадбената церемонија, бидејќи таа ќе биде емитувана во рамките на риалити шоуто на семејството Кардашијан.

Ова не е прв пат меѓу двете двојки да се раѓаат несогласувања. Иако Џеј Зи и Кание се блиски пријатели и колеги, односите меѓу Ким и Бијонсе не цветаат. Имено, поп дивата не го одобрува однесувањето на идната госпоѓа Вест.

Напиши коментар