Motherhood

Зошто е подобро да станете мајка на 20 години?

Без разлика на колку години и да се одлучите да имате деца тоа е најголемата радост во животот на секој човек. Имањето деца во 30тите исто така има свои предности, но постојат и оние за кои мора да знаете зошто велат „колку порано-толку подобро”.

Помал ризик од несакани компликации

Во 20тите вашето тело е повеќе подговено за бременост отколку во доцните 30ти. Шансите за добар тек на бременоста и здраво дете се поголеми во овие години.

Имате повеќе енергија

Како што старееме имаме сѐ помалку енергија, па затоа е подобро да имате дете што порано. Соочувањето со бременост и подоцна со децата ќе ви оди полесно во 20тите токму поради енергијата која ќе имате.

Заедничко созревање

Вие учите од детето онолку колку што и детето учи од вас. Заеднички полесно го надминувате секој проблем и во тинејџерските години на вашето дете сигурно полесно ќе се справувате.

Докторите препорачуваат

Точно и докторите препорачуваат дека е многу подобро доколку родите во 20тите секако доколку сте подготвени на овој чекор.

Ова воопшто не значи дека доколку сте ги надминале 20тите сте задоцниле. Сепак, тука влијаат и други фактори како образованието, работата и финансиите. Со сигурност сите ќе се согласат дека имањето на дете е голем благослов.

Write A Comment