Забременувањето понекогаш може да биде вистински кошмар за многу млади парови.
Мора да се споменат некои светски статистички податоци кои ќе ја покажат правата слика на проблемот забременување. Имено…
Околу ¼ од паровите се соочуваат со неплодност подолга од една година,
½ подолго време од 2 години
¼ бара помош од стручни лица.
¼ го немаат проблемот забременување
Неплодноста може да биде резултат на најразлични причини кај двата партнера. Меѓутоа е се поголем бројот на брачни парови кај кои според резултатите нема никакви проблеми а тие се уште чекаат на своето прво дете. Кај брачни парови причината за неплодноста не може да се дефинира.
Колку време треба да помине за да забременам?
Ако водите љубов два до три пати неделно, секој месец според статистиките шансите да забремените се од 20 до 30 проценти. Во просек жената која е помлада од 35 години за да стане бремена потребни се од 4 до 6 месеци постојана „работа“ на случајот. Меѓутоа во последните неколку години тој просек енормно се зголеми и според најновите истражувања тој изнесува верувале или не преку 2 години.
Што друго покажуваат најновите статистиките?
Кај жените од 20 до 25 години односно 90 проценти од паровите со жена од 20 до 25 години зачнувањето се случува во првите 3 месеци. Останатите 10 проценти добиваат потомство од 6 до 12 месеци или воопшто немаат потомок.
Кај жените од 25 до 35 години односно 70 проценти од паровите со жена на возраст помеѓу 25 и 30 години бременоста настапува по 6 до 12 месеци. Кај другите 30 проценти периодот е подолг од 2 години или тие воопшто немаат деца.
Кај жените под 35 години, односно кај 95 проценти од брачните парови кај кои жената е постара од 35 години бременоста настанува по 2 години постојано „работење“ на случајот. Останатите 5 проценти немаат деца.
Што препорачуваат експертите?
Доколку Вие сте оние кои се мачат со проблемот неплодност, потребно е да го знаете следниот алфа и омега факт за забременување, кој никако не смеете да го заборавите или да не му дадете до значење.
За да дојде до оплодување, спермата треба да ја оплоди јајце клетката за време на овулацијата. Овулцијата обично се случува на 14 ден по менструалниот циклус од 28 дена. Доколку Вашиот менструален циклус е пократок, овулацијата се случува порано, доколку е подолг, овулацијата се случува покасно, меѓутоа правиот момент е 14 дена пред добивање на следната менструација.