Здраво тело

Зошто не смеете да користите исто пластично шише повеќе пати?

Доколку секогаш со себе носите шише со вода, секоја чест. Сите ние сме свесни колку хидратацијата е важна за човекот.

Сепак, дали некогаш сте го измиле пластичното шише? Веројатно на, бидејќи во него има само вода!

Тоа и не најдобар начин на размислување. Пластичните шишиња се обично направени за една употреба, пластиката е слаба, а погодна е за создавање на многу бактерии, особено на грлото на шишето од кое пиеме.

Студијата спроведена на школските деца, кои пластичните шишиња ги користеле и по еден месец без миење, покажале дека во таквите шишиња има толку многу бактерии, што доаѓа до граница каде што водата повеќе не е за пиење.

Сепак, миењето на пластичните шишиња дури и во машина на висока температура не е најдобро решение, бидејќи тие се обично направени од слаба пластика, и не ги убива сите бактерии.

Затоа, најдобро е шишето да не го користите повеќе пати. Стручните лица велат дека најдобро е да користите стаклено шише.

 

 

Write A Comment