Анхедонија е емоционална состојба во која на индивидуата и недостасуваат полни капацитети да го доживее задоволството во пријатни животни активности, како што се јадењето и социјалната интеракција.
“Иднетификувањето на лицата кои се рамнодушни кон музиката може да биде многу важно во создавањето на невролошка основа на музиката, или да се разбере како серијата ноти се претвора во емоција”, вели шпанскиот научник Хосеп-Марко Пилјарес од Универзитетот во Барселона.
Студентите од овој универзитет пополниле прашалник за влијанието на музиката во ослободување на допаминот, во народот познат како хормон за среќа. Некои студенти одговориле дека имаат чувство на задоволство (појачано лачење на допамин) на пари или храна, но не и на музика.
Научниците утврдиле дека таквите луѓе немаат или имаат многу мала способност да памтат мелодии и ноти, поради што музиката не ги интересира.
Анхедонијата е чест симптом кај луѓето кои страдаат од депресија, што не значи дека луѓето кои се рамнодушни кон музиката се депресивни, велат Шпанските научници.
