Додека еден на пет возрасни Белци имаат сини очи, најголем број бебиња се раѓаат со сина боја на очите. Кај многу од нив, бојата на ирисот се менува од сина до кафена за време на првите години од животот. Ние одговараме зошто се случува ова.
Овој феномен е поврзан со количината на меланин со која се раѓаат бебињата и со зголемувањето на количината на меланин после раѓање.
Меланинот е пигмент кој сите го имаме во нашите очи, коса и кожа, и колку има поголема количина меланин се содржи полесно се одбива сончевата светлина. Мала количина на меланин се содржи во ирисот – мускулни прстени околу зениците му дава сина боја, додека поголеми количини меланин предизвикуваат појава на зелена или светлокафена боја на очите, а голема количина меланин предизвикува појава на темнокафена до црна боја на очите.
Бебињата не се раѓаат со целата количина на меланин која се предодредени да ја имаат. Процесот на создавање и созревање на меланинот продолжува после раѓањето. Бојата на очите престанува да се менува до втората година од животот. Постепеното насобирање на меланин во ирисот може да се споредува со развивањето на пердувите кај малите пилиња.
Иако многу бебиња од не – белите етнички групи исто така имаат сини очи при раѓање, кои со време потемнуваат и стануваат кафени, овој феномен е многу поредок кај другите раси, а многу чест кај белите луѓе. Луѓето со потемен пигмент најчесто се раѓаат со потемни очи, бидејќи бебињата уште пред раѓање имаат повеќе меланин.
