Здраво тело

Зштитете се од воспаление на мочниот меур

Речиси сите во постудените денови се повеќе подложни на инфекции на уринарниот тракт, односно воспаление на мочниот меур. Веќе знаете: често мокрење, пецкање, па дури и јаки болки ако е болеста во напредна фаза. Во најмала рака е непријатно. Дали постои начин да се избегне воспалението на мочниот меур или барм да се намали можноста од инфекција?

Еден начин е редовно да земате витамин Ц. На овој начин, со создавање на кисела средина ќе ја намалите можноста од размножување на бактериите во мочниот меур  (само не претерувајте со количината – во спротивно може да се случи да не добиете воспаление на бешиката, но поради големата киселост да се чуваствувате како да сте ја добиле).

Многу е важно да се затоплувате. Со тоа бактериите нема да имаат слободен пат. Уште една работа која помага: Кога ќе имате време, подгответе топла бања на нозете ( водата треба да биде загреана на 40 степени целзиусови).

Не користете антибактериски сапун ( премногу е слаб за да ги уништи бактериите, само ќе ги зајакне), пенливи купки, пудра во прав на интимната област – сите тие средства можат да го иритираат мочниот канал и на тој начин да ја поттикнат инфекцијата.

Како што можете да видите, не е толку тешко да се заштитите од воспаление на мочниот меур – малку повеќе витамин Ц, затоплување и избегнување на препарати за интимна нега.

Write A Comment