Мода

Зухаир Мурад не пренесува во светот на грациозноста и убавината

Ајде заедно да уживаме во светлиот сјај на прекрасната колекција на местро Зухаир Мурад за оваа пролет. Зухаир не признава граници, националности и зборот “не”.

И додека ние сонуваме да облечеме еден од неговите фустани, многу од познатите личности имаат среќа да шетаат по црвениот тепих и да блескаат во неговите уникатни креации.

Дизајнерот повторно успева да и даде божествена слика на жената со својата нова колекција за пролет-лето. Еден збор не е доволен да ја опишеме, но можеби комбинацијата од префинетост, елеганција и грациозност ќе се приближи до неговата вистинска творба. “Да создавам облека со многу љубов секогаш бил мојот најголем сон и се уште е “, сподели Зихаир.

Write A Comment