Bridal

Zuhair Murad невестинска колекција 2015

Познатиот либански дизајнер, омилен кај дамите кои ја планираат својата совршена свадба и венчаница, Zuhair Murad, ни ја претставува неговата нова колекција за 2015 година.

Оваа колекција на венчаници, не потсетува на бајките и сништата со своите совршено декорирани материјали и магични силуети. Секој фустан ја следи линијата на струкот на дамата која го носи, додека здолништето лесно, сензуално и елегантно се слева надолу, поради прозрачните материјали како свила и тул. Екслузивно претставена во нијанси на бела боја, оваа колекција на венчаници за некои ќе биде премногу традиционална, но поради украсите кои го дополнуваат секој изглед, таа е совршено модерна и сигурни сме дека ќе го освојат срцето на секоја невеста која ќе ги погледне.

2

3

4

5

6

8

11

12

13

 

Write A Comment