Сите сакаме брак и семејство во кое ќе владее хармонијата и спокојството. Сите имаа желба бракот да им потрае подолго но свесни за поразителниот факт дека се повеќе бракови завршуваат неславно, стравот од неуспех ги надвладува чувствата.
Семејните терапевти Stephen Martin и Victoria Costello по децениско истражување на проблемот – развод, ја создадоа „The Everything Guide to A Happy Marriage’, дело кое според експертите мора да биде дел од семејните библиотеки.
Ние Ви пренесуваме само дел од најдобрите брачни совети:
1. Влезете во брак само доколку крај себе имате пријател !!!
2. Хибернирајте во текот на првата година од бракот.
3. Правете договор за заедничките финансиски цели.
4. Почесто излегувајте со пријателите или сами.
5. Во текот на една недела одвоите половина час да ги разгледате проблемите. Проблемите не треба да се таложат.
6. Доколку почувствувате бес или омраза кон партнерот веднаш разговарајте со него.
7. Одлучете се за деца и проширување на семејството само доколку чувствувате дека постои добра шанса за тоа ( не затоа што така треба ).
8. Кавгите нека ви останат само Ваши, чувајте ја Вашата приватност.
9. Славете го Вашиот брак секој ден, секој час.
10. Разведете се доколку сте ги исцрпеле сите опции за помирување.
А доколку кавгите ви се секојдневие, следете ги следниве правила:
1. Кавгите нека останат приватни, Ваши.
2. Одредете термин кога ќе се карате, оставете неколку часа од појавувањето на проблемот, нека стивне „жарот“.
3. Пробајте да ја ограничите темата.
4. Понудете решенија
5. Никогаш не ги употребувајте „Ти никогаш“ или „Ти секогаш“
6. Не го собирајте бесот
7. Научете да кажувате извини.
