Мојата кујна

Ќофтиња од спанаќ и печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 бајата кифла или бајат леб

* 1 кромид

* 1 чешне лук

* 500 грама мелено месо

* 1 јајце

* 1 лажица масло за јадење

* 400 грама шампињони

* 200 грама спанаќ

* Сол и бибер

* Малку мајчина душичка ( свежа или сужена )

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Размекнете ја бајатата кифла (или 2 -3 кришки бајат леб) со вода. Исечкајте ја главицата кромид и помешајте ја со месото, јајцето, додадете сол и бибер. Направете ги ќофтињата во големина по Ваша желба и испржете ги на среден оган.

Печурките испржете ги во маснотијата од месето, додадете го спанаќот, мајчината душичка, посолете додадете малку вода и издинстајте ги состојките.  По 5 минути долијте уште малку вода и додадете ги предходно испрежените ќофтиња и оставете да се динстаат 10 минути.

Послужете и …

Уживајте!

Write A Comment