Овие едноставни вежби можете да ги правите дома, а ги прават и топ моделите на Викторија Сикрет.
Потребно е само да ги следите следниве инструкции:
Прва вежба
Исправете се, а нозете раздвојте ги во ширина на колковите. Свиткајте се до положба кога колениците ќе ви бидат под агол од 90 степени. Од таа положба истапете со левата нога на страна, вратете се, па истапете со десната. Повторете ја вежбата 30 пати.
Втора вежба
Од полуподвиткана состојба зачекорете со левата нога наназад, а рацете исфрлете ги нанапред. Вратете се во првобитната положба и истото повторете го со другата нога. Го секоја нога поединечно направете серија од 30 повторувања.
Трета вежба
Додека лежете на стомакот, подигнете се на рамениците и на колената. Едната нога постојано држете ја во воздух така што ќе правите кружни движења кои ќе ги повторите 30 пати. Повторете ја постапката и со другата нога.
